Реал преку ЦСКА до финалето во Евролигата

Евролига

Кошаркарите на Реал Мадрид ќе играат во финалето на Евролигата, откако синоќа во вториот полуфинален натпревар од завршниот турнир во Белград ја победија ЦСКА Москва со 93:82.

 

Шпанскиот тим лошо го почна мечот и по првата четвртина имаше 10 поени негатива (20:30), но во продолжението на средбата беше подобар ривал и на крајот заслужено се радуваше.

 

ЦСКА во неколку наврати се обидуваше да фати резултатски приклучок, во последните пет минути дојде на минус три, но немаше сили за целосен пресврт.

 

Нандо де Коло со 20 поени беше најефикасен на натпреварот и во поразениот тим, кај Реал се истакнаа Серхио Љуљ и Лука Дончич со по 16 поени.

 

Во првото полуфинале Фенербахче го победи Жалгирис со 76:67.

 

Финалето е закажано за утре од 20 часот, три часа претходно е дуелот за третото место.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.