Машката ракометна репрезентација со +8 патува во Романија на ревашот за пласман на СП 2019

Машката - Романија

Машката ракометна репрезентација со +8 патува во Романија на ревашот за пласман на СП 2019. Македонија на домашен терен славеше убедлива победа во првиот бараж натпревар за настап на СП во Германија и Данска.

 

Романците поведоа со 2-0, а потоа следуваше серија на Македонија од 8-0, па работите си дојдоа во посакуваната насока. На полувремето имавме предност од 15:10. Во второто полувреме Македонија дојде и до највисоки десет голови разлика 24:14, предност која не успеавме да ја задржиме. Овој резултат не треба да биде проблем да се одбрани во Романија. Предноста од осум гола треба да биде доволна за пласман на уште еден Мундијал по ред.

 

Кире Лазаров и Дејан Манасков беа најефикасни со по 7 голови, a Борко Ристовски имаше 14 одбрани. Реваншот во Романија се игра в среда.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.