All for Joomla All for Webmasters

Одржувањето на Мундијалот 2018 на ФИФА ќе и донесе 6,1 милијарди долари профит

Светско фудбалско првенство во Русија

Уште само два дена од старот на 21 светско фудбалско првенство во Русија. Одржувањето на Мундијалот 2018 на ФИФА ќе и донесе 6,1 милијарди долари профит, што е за 10% повеќе од предвиденото.

 

Oваа сума изнесува 1,3 милијарди повеќе отколку што се заработи на Светското првенство 2014 во Бразил. Приходите од продажба на права на емитување се зголемени за 2%. ФИФА ќе добие 200 милиони долари повеќе од очекуваното со спонзорски договори. Ова стана можно поради проширувањето на соработката со кинеските компании.

 

7 од 20 компании кои го спонзорираат турнирот ја претставуваат Кина. Во 2014 година, имаше само една компанија од Кина. СП 2018 ќе се одржува од 15 Јуни до 14 Јули. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |