Реал Мадрид конечно доби нов тренер

Хулен Лопетеги

Реал Мадрид конечно доби нов тренер. Сосема неочекувано, но селекторот на шпанската фудбачска селекција Хулен Лопетеги ќе го замени Зидан на клупата на Европскиот шампион.

 

Лопетеги по Светското првенство во Русија ќе го преземе кормилото на кралевите. Тој пред да стане селектор на Шпанија го водеше тимот на Порто, а со Реал ќе потпише тригодишен договор. Под раководство на Лопетеги репрезентацијата на Шпанија е без пораз со скор од 14 победи и 6 реми средби.

 

Инаку Реал Мадрид само пет дена по освојувањето на европскиот трон остане без тренерот Зидан кој си поднесе оставка. Со ваквиот потег на Лопетеги, си ја стави под прашалник селекторската функција во Шпанија поради тајните преговори. Последната информација е дека тој заработил отказ, па така Шпанија остана без селектор на СП во Русија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.