Штрајк на работниците во „Фиат" поради Роналдо

Работниците во автомобилскиот концерн „Фиат“ ќе почнат штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус за 105 милиони евра, информираат од Синдикатот. 

Според информациите, дел од сумата за неговиот трансфер ќе биде платена преку спонзорство од компанијата „Ексор“, сопственик на „Фиат“ и „Ферари“.
 
- Недозволиво е работниците во претпријатието да понесат економски рестрикции, а во исто време да се трошат стотици милиони за купување на фудбалер. Постојано ни се кажува дека времињата се тешки и треба да штедиме, додека чекаме да се пуштат новите модели кои сепак така и не доаѓаат. И додека работниците и нивните семејства ги затегнуваат ремените се повеќе, компанијата одлучи да инвестира многу пари во еден единствен човек. Чесно ли е тоа? Нормално ли е човек да заработува милиони, додека илјадници семејства едвај преживуваат до средината на месецот. Поради тоа објавуваме штрајк од недела, 15 јули до вторник, 17 јули, се наведува во изјавата на Синдикатот.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.