All for Joomla All for Webmasters

Дортмунд потпиша со дефанзивец на Реал Мадрид

Младиот марокански дефанзивец на Реал Мадрид, Ашраф Хакими потпиша со германскиот тим Борусија Дортмунд, каде ќе игра во наредните две сезони.

Деветнаесетгодишниот Хакими одигра добри натпревари на десен бек во дресот на „белите“ во минатата сезона, но доби малку шанси за докажување, обично при повреда на стартерот Дани Карвахал. 
 
Сепак, за мароканската репрезентација постигна два гола во само 16 натпревари.
 
На Светското првенство во Русија, Хамики одигра полни 90 минути во секој од трите натпревари за Мароко во групната фаза.
   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.