Анчелоти лично преговара со Фабрегас

 Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сака да го зајакне својот тим со играчот на Челзи, Францеск Фабрегас, објави „Спорт Медијасет“.

Според информациите, Анчелоти го искористил своето патување до Москва пред десетина дена, за да се сретне лично со Фабрегас, кој во тоа време исто така беше во руската престолнина.
 
Двајцата биле видени како вечераат заедно во елитен московски ресторан.
 
Анчелоти разговарал со Фабрегас за условите под кои шпанскиот фудбалер би се согласил да премине во Наполи.
 
Цеск е еден од фудбалерите со најголема плата во Челзи во моментов.
 
Од Наполи се уште официјално не започнале преговори со Челзи за шпанскиот фудбалер.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.