All for Joomla All for Webmasters

Квалификации ЛЕ: Работнички го победи Хонвед во Скопје

Екипата на Работнички го совлада унгарски Хонвед 2:1 (1:1) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје во квалификациите за Лигата на Европа.

Работнички поведе преку Петар Петковски, кој беше прецизен во 34-тата минута.
 
Гостите израмнија непосредно пред одморот, кога во 45-тата минута, Наѓ постигна гол од речиси триесетина метри.
 
„Романтичарите“ ја вратија предноста во 60-тата минута, кога погоди Николче Шаркоски, со што го постави и конечниот резултат.
 
Во финишот добра шанса пропушти Филип Петковски за поголемо водство пред реваншот во Будимпешта, кој е закажан за 17 јули од 18.00 часот. 
 

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.