Фудбалскиот интернационалец Несторовски му подари дрес од „Палермо" на прилепскиот градоначалник

Иднината на фудбалот во Прилеп и во Македонија, беа тема на денешната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски и прилепскиот фудбалски интернационалец и македонски репрезентативец Илија Несторовски.

Несторовски, кој моментално настапува за италијанскиот клуб „Палермо“ го запозна Јованоски со функционирањето на големите италијански и европски фудбалски клубови и со начинот на кој тие остваруваат соработка со властите во нивните земји за  подобрување на спортската инфраструктура и градењето млади фудбалски таленти.

Според Јованоски, нашиот сограѓанин, спортски ас, Несторовски, и другите македонски интернационалци, се вистински спортски амбасадори ширум светот.

- Тие имаат непроценлива улога во промоцијата на македонскиот фудбал и на новите таленти од Прилеп и од Македонија, рече Јованоски.

Во оваа пригода, Несторовски на прилепскиот градоначалник му го подари својот дрес со бројот и боите на „Палермо“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.