Двајца загинаа при прославите во Франција по освојувањето на Мундијалот

Двајца навивачи на Франција загинаа вчера вечер додека го славеле освојувањето на светската титула против Хрватска.

 

Во градот Анеси, навивач одлучи да ја прослави титулата со скокање во канал, но за жал, неговиот обид за нуркање заврши фатално.

 

Тој го скршил вратот и починал на самото место.

 

Во исто време, во Сен-Феликс, друг француски навивач удрил со својот автомобил во дрво и го загубил животот.

 

Повеќе од 1 милион луѓе ја прославија титулата во Париз, па дури и избија немири, со кои полицијата мораше да се справува преку употреба на солзавец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.