Мбапе соопшти каде ќе игра следната сезона

Францускиот супер талент, Килијан Мбапе изјави дека нема да го менува тимот ова лето. 
 
- Останувам во ПСЖ. Јас ќе продолжам по својот пат.
 
- Едвај сум на почетокот на мојата кариера, изјави напаѓачот на „принцовите“ за „Радио Марка“. 
 
Офанзивниот фудбалер (19) е поврзан со Реал Мадрид, особено по трансферот на Кристијано Роналдо.
 
- За да победуваш, мора да веруваш. Да имаш вештини не е доволно.
 
- Верата е над сѐ, рече Мбапе по вчерашниот триумф на Мундијалот 2018 што се одржа во Русија.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.