Вајда останува со Ѓоковиќ до крајот на сезоната

Тренерот Марјан Вајда ќе соработува со Новак Ѓоковиќ до крајот на сезоната, а оваа одлука беше соопштена откако најдобриот српски тенисер вчера го освои Вимблдон.

-   Вајда ќе остане да работи со мене до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме, истакна Ѓоковиќ.

Словачкиот стручњак се врати во тимот на Ѓоковиќ во почетокот на сезоната на земјена подлога, а по неговото доаѓање беше евидентно подобрувањето во играта на српскиот тенисер.

-  Не го очекував ова. Последнава титула на Вимблдон е најголемото изненадување кое сум го доживеал во повеќегодишната соработка со Ѓоковиќ. Тренирајќи го верував дека може да биде прв во светот и да освојува титули, но во овој момент не ја очекував, наведе Вајда.

За Ѓоковиќ ова е четврта титула на Вимблдон со која повторно се врати меѓу десетте најдобри тенисери на светот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.