Членовите на „Пуси Рајот" ги добија казните

Судот во Москва ги осуди по брза постапка на 15 дена притвор четворицата членови на панк групата „Пуси Рајот“.

 

Тие за време на финалето на СП 2018 истрчаа на теренот на мечот помеѓу Франција и Хрватска.

 

Три жени и еден маж од групата, облечени со лажни полициски униформи, втрчаа на теренот на почетокот на второто полувреме додека претседателот Владимир Путин и останатите високи гости беа на стадионот „Лужники“.

 

Освен 15 дена затвор, четворицата немаат право да присуствуваат на спортски настани во наредните 3 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.