Реал Мадрид најави засилувања во клубот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави дека клубот ќе биде засилен и наскоро ќе доведе нови играчи.

Реал се подготвува за новата сезона, која ќе ја започне во значително изменет состав без главната фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и со новиот тренер Хулен Лопетеги.

- Свесни сме за високите очекувања кои се поставуваат пред Реал секоја сезона, истакна 71-годишниот претседател на клубот.

Реал за трансферот на Роналдо доби 112 милиони евра, а навивачите се интересираат како клубот ќе ги искористи овие средства.

- Имаме одличен тим, но сакаме да го засилиме и со нови играчи, истакна Перез без да наведе кои играчи ќе дојдат во клубот.

Во изминатиот период се појавија гласини дека во Реал Мадрид ќе дојдат Еден Азар, Нејмар, Килијан Мбапе и други фудбалери, но ниту еден од овие големи трансфери досега официјално не е потврден.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.