Симеоне: Франција стана шампион со игра како нашата

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше пред медиумите пред утрешниот меч за Супер Купот на Европа со Реал Мадрид, кој ќе се одигра во Талин од 21 часот по наше време.

Аргентинецот одговори на критиките дека неговиот тим игра одбранбено и ги определи шансите на „јорганџиите“ како изедначени, со оние на другиот шпански гигант.
 
Потсетуваме, „црвено-белите“ се актуелни носители на трофејот од Лигата на Европа минатата сезона, додека Реал ја освои титулата во Лигата на шампионите.
 
- Фудбалот е интересен спорт, бидејќи никој не знае навистина кој може да победи. Франција стана светски шампион со квалитети, многу слични на оние на Атлетико. Сите се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. Новите момци имаат одличен потенцијал, но сѐ ќе излезе на површина со многу работа. Ние постојано се обидуваме да го развиваме нашиот проект, додаде Симеоне.
 
Аргентинецот е казнет и нема да го води мечот од клупата поради казна од минатата сезона, а според него, токму овој натпревар може да биде решен на „емоционално ниво“.
 
- Важно е да имате емоции, надеж. Овој натпревар може да се реши на емоционално ниво. Ние земавме добри играчи, но тоа се само добри индивидуалци. Ако сите не работиме во еден правец, нема да бидеме подобар тим. Јасно е дека го немаме буџетот на Реал Мадрид, но ние сме многу мотивирани. Ќе сториме сé за да го контролираме натпреварот и да го освоиме, додаде популарниот Чоло.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.