Михаел Шумахер ќе продолжи со закрепнување во Шпанија

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер ќе продолжи со закрепнувањето во Шпанија.

Како што објави „Ле Фигаро“, германскиот спортист ќе биде пренесен од својата вила во Швајцарија до Мајорка - каде што неговата сопруга Корин купи куќа што претходно му припаѓаше на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Семејството на Шумахер верува дека во Мајорка, прославениот спортист ќе има подобри услови за закрепнување.

За потсетување, Шумахер во 2013 година, при пад на скијање доби сериозна повреда на главата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.