Лопетеги инсистира за нов напаѓач

Шпанската Ла Лига почнува денеска, а Реал Мадрид се уште не покажал голема активност на трансфер пазарот.
Политиката на клубот за привлекување на нови фудбалери ова лето е јасна - без непотребни нови засилувања, но поразот од Атлетико Мадрид за Суперкупот на Европа може да го промени тоа, објави „Марка“.
 
Според изданието, тренерот на Реал, Хулен Лопетеги инсистира на еден последен трансфер кој ќе го засили нападот на тимот. Досега „кралскиот“ клуб го привлече само голманот Тибо Куртоа и десниот бек Алваро Одриосола. Во плановите на Лопетеги влегуваа нови дефанзивец, халф и напаѓач. Сега, сепак тренерот би жртвувал се само за да може да се здобие со нова „деветка“, која ќе биде сигурна алтернатива на Карим Бензема и Герет Бејл.
 
Споменуваните имиња се Маријано Дијаз од Лион, Родриго од Валенсија, Роберт Левандовски од Баерн Минхен, Тимо Вернер од РБ Лајпциг и Мауро Икарди од Интер. Сите тие сепак ќе бидат скапи трансакции, а Флорентино Перез смета дека и сегашниот состав е способен да триумфира уште еднаш во Лигата на Шампионите. 

 

 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.