И легендарниот боксер Мајк Тајсон со вклучи во УФЦ приказната (видео)

И легендарниот боксер Мајк Тајсон се вклучи во приказната за спектакуларната УФЦ борба, но исто така и за недостатоците што следеа по неа.

 

Борбата на Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов одекна низ целиот свет, а во приказната се вклучија големи личности од светскиот бокс.

 

Коментарот на Мајк Тајсон беше еден од најинтересните, особено ако се земе во предвид сличната ситуација што му се случи со Евандер Холифилд во 1997 година откако Тајсон му одгриза дел од увото.

 

- "Незамисливо е, никогаш не помислив дека ова е начин да се заврши целата работа. Беше полудо отколку немирите за време на мојата борба", заклучи легендарниот боксер.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.