Зошто Гонзало Игуаин го избра Милан а не Челзи? - Аргентинецот ќе ви ја каже причината! (фото)

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин ги кажа причините за неговиот избор во Милано да ја продолжи кариерата.

 

За Игуаин многу беше заинтересиран и Челзи, но тој се одлучи за „Сан Сиро“.

 

- Го избрав Милан затоа што ми се допадна нивниот проект. Тренерот Гатузо, заедно со директорите Малдини и Леонардо беа упорни да ме донесат. Навистина ми се допадна нивниот пристап.

 

- Овде сите ме сакаа, додека во Челзи бев желба само на тренерот Сари, изјави Игуаин.

 

Аргентинецот претходно играше за Јувентус кој оваа сезона се засили со Кристијано Роналдо.

 

- Одлуката да си одам од Јувентус беше нивна. Буквално бев избркан од клубот. Морам да кажам дека навивачите и играчите ме почитуваа. Дадов се за тој клуб и не очекував таков крај.

 

Игуаин се потсети и на времето додека беше дел од Наполи.

 

- Навивачите на Наполи не можат да ми опростат дека заминав во Јувентус. Тоа е нивно право и не им се лутам. За нив не можам ништо лошо да кажам.

 

- Тоа беше поради конфликт со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис. Но за тоа ќе раскажам во некое друго време, рече аргентинскиот фудбалер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.