ХРВАТСКО ЗЛАТО: Лука Модриќ ја зграпчи "Златната топка"

Хрватскиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ е новиот победник на Златната топка. 33-годишниот играч во конкуренција на Кристијано Роналдо и Антоан Гризман го фати најпрестижното индивидуално одличје во светот на фудбалот.

 

Победникот во годинешнава анкета беше прогласен на церемонијата во Париз, а со овој  успех Модриќ стави крај на 10-годишната доминација на Роналдо и Лионел Меси за највредниот трофеј.

За последен пат, Златната топка од друг фудбалер беше освоена во 2007 година, кога бразилцот Кака беше број еден.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.