Познато е дали Рафа Надал ќе игра на првиот гренслем Австралија Опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал откри на јавноста до каде е неговата повреда и дали ќе учествува на првиот тениски гренслем од 2019 година Австралија опен.

 

Рафа изјави и потврди дека се чуствува добро, дека повредата е санирана и воедно го потврди своето учество на претстојниот Австралиски Опен 2019.

 

Ова го соопшти директорот на Грен слем турнирот Крег Тајли.

 

- Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во својата препознатлива форма, изјави Тајли.

 

За потсетување, Надал се соочи со повреди по УС Опен и е надвор од терените од септември.

 

Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП ранг листата каде сега се наоѓа Новак Џоковиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.