Нејмар ќе биде подготвен за дуелот со Црвена ѕвезда

Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Нејмар сигурно ќе подготвен за дуелот во Белград против Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите, по обновената повреда.

 

Бразилецот се повреди минатиот викенд во Бордо (2:2), поради што го пропушти натпреварот против Стразбур вчера (1:1).

 

Тренерот на парижаните Томас Тухел е убеден дека тој ќе биде во составот за одлучувачкиот меч со „црвено-белите".

 

- Повредата не е сериозна. Нејмар ќе започне со тренинзи утре, информира Тухел.

 

На ПСЖ му е неопходна победа во Белград за да обезбеди место во осминафиналето на ЛШ, додека српскиот шампион има само теоретски шанси за местото во Лигата на Европа.

 

На табелата во Ц-групата води Наполи со девет бода, еден повеќе од ПСЖ, Ливерпул има шест, а Црвена ѕвезда четири.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.