Бил Гејтс веќе не е најбогатиот човек во светот

Џеф Безос

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја презеде титулата на најбогат човек на светот од Бил Гејтс, со богатство од 91.4 милијарди долари. Тој сега има за 1.4 милијарди долари поголемо богатство од основачот на „Мајкрософт“. 

 

Безос поседува 17 проценти од акциите на „Амазон“, чија вкупна вредност пораснала на повеќе од 500 милијарди долари. Откако ја основал платформата на Интернет продажба, Безсо се сконцентрирал на работата со вселенската ракета „Блу Ориџин“ и американскиот весник „Вашингтон Пост“, кој во 2013 година го купи за 250 милиони долари.  Платил 23 милиони долари за стар музеј за текстил во Вашингтон и го претворил во семеен дом, а соседи му се семејството Обама и Иванка Трамп.

 

Порастот на акциите во технолошкиот сектор, довеле до зголемување на богатството на Безос, како и на Марк Цукерберг, кој пак поседува 72.6 милијарди долари.  Аналитичарите проценуваат дека вредноста на акциите на „Амазон“ и натаму расте. Компанијата е основана во 1994 година и сега се наоѓа на четврто место на највредни светски компании. 

 

Во почетокот на платформата се продаваа книги, но потоа продажбата се рашири и на останати производи. Седиштето на компанијата се наоѓа во Сиетл. 
 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.