Шварценегер ќе учествува во шестиот „Терминатор“

„Терминатор“

Американскиот актер од австриско потекло и поранешен републикански гувернер на сојузната држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ќе учествува во снимањето на шестото продолжение од филмската франшиза "Терминатор".


Поранешниот гувернер на Калифорнија нема да ја толкува улогата на терминаторот, туку на неговиот прототип.


"Во март следната година ќе се приклучам на снимањето на „Терминатор“. (Режисерот) Џејмс Камерон и (продуцентот) Дејвид Елисон се враќаат во екипата“, го цитираше телевизиската мрежа Fox News Арнолд Шварценегер, кој на 30 јули наполни 70 години.


Камерон ја потврди својата одлука да го сними шестиот дел од научнофантастичниот трилер и изјави дека поранешниот гувернер на Калифорнија нема да ја толкува улогата на терминаторот, туку на неговиот прототип – човекот.


Арнолд Шварценегер е роден во австриското село Тал во близна на градот Грац во 1947 година. Во САД пристигна на 21-годишна возраст и во почетокот имал успешна кариера во бодибилдинг, а потоа и на филмското платно. Светската слава ја стекна со улогите како „Конан Варваринот“(Conan the Barbarian, од 1982 година), „Терминатор“ (The Terminator, чие прво продолжение беше објавено во 1984 година), „Командос“ (Commando, 1985), „Предатор“ (Predator, 1987), „Целосен отповик“ (Total Recall, 1990).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.