Поради пожарите прогласена вонредна состојба во Португалија

Пожари во Португалија

Владата на Португалија прогласи вонредна состојба во некои области и пожарникарските и спасувачките служби ги стави во режим на подготвеност во очекување на нови пожари, објави Ројтерс.

 

Земјата е подложна на главниот удар на жешкиот бран, кој опфаќа значителни делови од јужна Европа и се бори со најлошите пожари во текот на својата модерна историја. Во овие летни пожари изгореа повеќе од три пати повеќе шумски површини отколку во текот на една обична година. Владата соопшти дека прогласува вонредна состојба во централните и северните делови на земјата, како и во западните делови на јужната крајбрежна провинција Алгарве, со цел да се има “превентивен ефект”.

 

Според временските прогнози до недела, температурите на некои места се очекува да достигне до 40 степени. Канцеларијата на премиерот Антониј Коста рече дека ќе се состане со офицерите на воените единици, полицијата и службите за кризни служби. До сега во оваа земја загинаа 64 лица, службите за итна помош прават големи напори за навремено да го евакуираат населението од загрозени подрачја. Сепак, според податоците од Службата за цивилна заштита, речиси 80 лица се повредени во пожарите минатата недела, објави Ројтерс.

 

Во саботата, кога во земјата беснееја рекордни 268 пожари, владата побара помош од другите европски земји. Повеќе од 130 лица се евакуирани вчера од селата Сантарем, околу 170 километри североисточно од Лисабон, каде што повеќе од 1.000 пожарникари се борат со огнот. Областите зафатени со пожар оваа година претставуваат една третина од сите опожарени региони во ЕУ.

 

Португалското министерство за внатрешни работи објави дека полицијата уапсила рекорден број – над  90 осомничени лица за предизвикување пожари – било намерно или преку криминална негрижа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.