Две лица загинаа а 40 се повредени во земјотресот во Италија

Земјотрес во Италија

Во земјотресот што синоќа го погоди италијанскиот туристички остров Искија загинаа две лица, а 40 се повредени, како и девет се водат за исчезанти. Спасувачи се обидуваат да извлечат две деца од под урнатините, соопштија локалните власти.

 

Од урнатините на една зграда, било извлечено едно седуммесечно бебе. Една жена загинала во местото Казмичола во северниот дел на островот, кога била разурната црква, при што некои делови од неа ја погодиле жената. Друга настрадала при уривање на зграда, пренесе АФП.


Според информациите, земјотресот бил со јачина од 4 степени по Рихтер, на длабочина од десет километри, а бил регистриран нешто по 21 часот по локално време, во време кога многумина вечерале. По земјотресот имаше и 14 помали потреси.


Единствената болница на островот е разурната и делумно е евакуирана, а петмина пациенти со хеликоптер биле пренесени во друга болница во Италија. Евакуиран е и еден хотел, а во потрагата по исчезнати учествуваат и специјални полициски тимови со кучиња трагачи, јавува АП. По земјотресот луѓе истрачаа на улица, а одделни останаа без струја. Искија е популарно летувалиште, познато по терминални води.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.