Порторико во очекување на ураганот Марија

Ураган Марија

Американските Девствени острови и Порторико се во очекување на ударот на ураганот Марија, кој неколку дена пустоши на Карибите. Ураганот е во петта категорија и се очекува да донесе ветрови со брзина од 175 километри на час.

 

Островот Доминика досега претрпе најголема штета од Марија, при што сите телефонски и интернет услуги се во прекин, а на Гвадалупе има еден загинат, а две лица се исчезнати. Гувернерот на Порто Рико соопшти дека во 146 засолништа има 10.059 луѓе и околу 189 домашни миленици.


Вкупно се адаптирани 480 засолништа, со капацитет да примат 68.000 луѓе.


Порториканскиот главен град Сан Хуан се опишува како “град на духови”.


Иако Порторико избегна директен удар од ураганот Ирма, три лица загинаа како последица од невремето.


Гувернерот на островот вели дека бурата ќе нанесе невидена штета со генерации.


Во другиот дел на Карибите исто така се издадени предупредувања за ураган за островите Сент Китс, Невис и Монтсерат, додека за тропска бура за Мартиник, Антигва и Барбуда, Саба, Св. Евстатиј, Сент Мартин, Санта Лусија и Ангила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.