За крај на војната во Сирија Путин и Ердоган сакаат поголема соработка

Путин и Ердоган

Турција и Русија сакаат да ја зголемат соработката со цел завршување на војната во Сирија и да работат на воведување зони на деескалација во бунтовничката провинција Идлиб на северозападот на Сирија, изјавија претседателите на двете земји Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин по нивната средба во Анкара.

 

Путин додаде дека биле исполнети условите за завршување на, како што рече, „братоубиствената војна во Сирија со цел да се уништат терористите и да им се дозволи на Сиријците да му се вратат на нормалниот начин на живот“. Путин и Ердоган разговарале и за курдскиот референдум за независност во Ирак при што турскиот претседател оцени дека тоа било голема грешка и оти со референдумот се нарушила стабилноста во регионот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.