Рајски документи: Како светската елита го крие богатството од даноци?

Елизабета Втора

Повеќе од 13 милиони документи под името „Рајски документи“ беа неовластено објавени и откриваат како политичката и бизнис елита во светот ги крие парите од оданочување.


Во документите се наведени „офшор“ сметките на британската кралица, врските на соработниците на Доналд Трамп со Русите, тајните договори на соработниците на Џастин Трудо и уште 120 политичари и моќници. Во објавените документи се спомнуваат и големи брендови и интернационални компании како „Apple“, „Nike“ и „Uber“, како и заедничките напори на светски бизнис гиганти и политичари да одбегнат плаќање данок, како и „креативните решенија“ на нивните сметководители.


Новинарите истакнуват дека во документите се спомнуваат легални трансакции преку „офшор“ компании и фондови и се внимавало да не се поврзат трансакциите директно со „главните играчи“.


Во „Рајските документи“ има информации за парите што соработник на Трамп ги добивал од енергетска компанија од Русија чиј косопственик е зетот на Владимир Путин, за 13 милиони долари што преку „офшор“ компанија ги вложила кралицата Елизабета Втора, за трансакциите на поранешниот американски генерал Весли Кларк, како и за парите што преку државни компании Русите ги пумпале во Facebook и Twitter.


Во документите се спомнуваат и имиња од шоубизнисот и спортот, како Мадона и Боно Вокс од U2, како и тајните зделки на руски тајкуни со фудбалските клубови Арсенал и Евертон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.