Расте бројот на жртви во земјотресот во Иран и Ирак

Земјотрес во Иран и Ирак

Силниот земјотрес во курдските области во граничниот регион меѓу Иран и северен Ирак однесе досега најмалку 200 жртви. Според иранското министерство за внатрешни работи, денеска е официјално потврдена бројката од 207 мртви и околу 2000 повредени лица.

 

Ирачките власти пријавија шест загинати и околу 150 повредени луѓе во провинцијата Сулеманија. Се стравува дека бројот на загинати натамошно ќе расте.

 

Земјотресот кој се случи синоќа (12.11) на околу 30 километри југозападно од градот Халабџа во северниот дел од Ирак, имаше јачина од 7,3 степени. Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 25 километри и можел дваесетина секунди да биде почувствуван и во Багдад. Во градот Сулеманија во курдската област во Ирак луѓето панично бегале од своите куќи. Фотографиите од блискиот Дарбандичан прикажуваат урнати згради и ѕидови.


Во Иран од потресот се погодени повеќе градови, меѓу кои и Табрис, но посебно тешки последици има во градовите Каср-е Ширин, како и во Асгалех, како што јавува новинската агенција Ирна. Според неа, во многу места постои прекин на електричната енергија, а во погодените подрачја веднаш се испратени  30 тимови за помош од Црвената полумесечина.


Планинскиот граничен регион помеѓу Иран и Ирак често е потресуван од земјотреси. Во северен Иран во 1990. година во земјотрес со сила од 7,3 степени загинаа околу 40.000 луѓе, а околу 300.000 беа повредени. Во 2003. година од поголем потрес беше погоден историскиот град Бам, кога смртно настрадаа најмалку 31.000 луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.