Компанија купи дел од американската граница за да ја спречи изградбата на ѕидот со Мексико

Ѕид меѓу САД и Мексико

Американска компанија што произведува игра со карти им се приклучи на демократите, еко-активистите и оние што се залагаат за правата на мигрантите, во борбата против предложениот ѕид на Доналд Трамп на границата со Мексико.


„Ако гласавте за Трамп, можеби не треба да учествувате во ова“, пишува на веб-страницата што ја направи „Карти против човештвото“.


Компанијата што ја произведува играта, која вклучува спојување на карти со хумористични фрази соопшти дека купила земја на границата помеѓу Америка и Мексико со цел да ја спречи политиката на Трамп.


„Ние купивме дел од слободното земјиште на границата и ангажиравме специјализирана адвокатска фирма за да одолговлекува и да ја направи изградбата на ѕидот што е можно поскапа“, се вели во нивното соопштение, додавајќи дека ќе објават мапа од земјата за оние кои се заинтересирани да купуваат.


Ако ѕидот сепак треба да се гради, тогаш Трамп ќе мора да ги убеди членовите на Конгресот да распределат милијарди долари потребни за изградба на структурата.


Неговата администрација сé уште нема значителна законодавна победа и покрај мнозинството во двата дома на Конгресот, со повторени обиди за раскинување на законот за здравствена заштита на Барак Обама.


Администрацијата инсистираше дека продолжува со законот за ѕидот, посочувајќи на изградба на осум прототипи во близина на Сан Диего.


Противниците го оценуваат предлогот за ѕид како неефикасен и ксенофобичен. Неколкумина од нив покренаа и тужби обидувајќи се да ја блокираат изградбата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.