Страв од цунами во делови од Пацификот

Земјотрес во Тихи Океан

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер се случи во водите на јужниот дел од Тихиот Океан, а забележани се и големи бранови кои се закануваат на Нова Каледонија и Вануату.


Се очекува дека додека да стигнат до копното висината на брановите ќе се намали, но локалното население стравува од можно цунами во овој дел.


Земјотресот настанал на длабочина од 10 километри, а од геолошките институти предупредуваат дека цунамито има можен опсег од 300 километри од епицентарот.


Кратко пред овој земјотрес бил забележан уште еден, но со помал интензитет, со епицентар во близина на другиот. Засега нема пријави за материјални штети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.