Јанис Бутарис: „Република Македонија“ беше грешка при изразување

Јанис Бутарис

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис упати остри критики до оние кои го обвиниле за национално предавство бидејќи за време на посетата во Скопје го изговорил зборот „Македонија“.


За весникот „Катимерини“ градоначалникот објаснува дека било „грешка при изразување“ кога рекол „Република Македонија“, наместо изразот што Грција го користи за северниот сосед.


Бутарис нагласува дека нема да дозволи да биде оспоруван неговиот патриотизам. Тој вели дека ставот за северниот сосед е истиот што го има и грчкото Министерство за надворешни работи и оти на тоа останал и при средбите со високи претставници во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.