Со појавил град што исчезнал предф 57 години

Мансиљ де ла Сиера

Остатоци од изгубениот шпански град Мансиљ де ла Сиера се појавија од водата по шест децении. Големата суша предизвикала појавување на урнатините од напуштен шпански град што исчезнал пред 57 години.

 

Градот се наоѓа во долината Ла Риоха во Северна Шпанија, а неговите жители биле преселени во 1959 година во блиското гратче за да се направи место за изградба на резервоар за наводнување на земјоделското село Алто Нахериља.

 

Резервоарот тогаш бил наполнет со вода со која бил исполнет и градот. Но по особено суво и жешко лето во текот на 2017 година, тивкото планинско гратче повторно исплива на површина, откривајќи неверојатен поглед за локалните жители и туристи. 

 

Така, посетителите можеле да влезат во куќите напуштени пред повеќе од пет децении, а постарите жители почувствувале носталгија кога ги посетиле своите некогашни домови. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.