Во Тајван се појавило виножито кое траело 9 часа

Виножито во Тајпеј

Професори и студенти на кинескиот универзитет за култура, минатата недела во планините во Тајпеј беа сведоци на виножито кое траеше рекордни девет часа.


“Беше неверојатно … Се чувствуваше како подарок од небото … Тоа е толку ретко!” рече Чоу Кун-хуан, професор во Одделот за атмосферски науки на Универзитетот.


Професорите Чу и Лиу Чинг-Хуанг, заедно со студентите од одделот и кампусот го документираа виножитото. Нивните забелешки, фотографии и видео снимки покажаа дека виножитото траело од 06:57 до 15:55 – осум часа и 58 минути.


Ако биде потврдено, тоа ќе го надмине претходниот рекорд за најдолготрајно виножито, поставено во Ветерби во Јоркшир, Англија, на 14 март 1994 година, кое траело шест часа, од 09:00 до 15:00 часот, според Гинисовата книга на рекорди.


Виножито обично трае многу помалку од еден час, според веб-сајтот на Гинис.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.