Неколку илјади Каталонци бараат формирање на регионална влада

„Република сега!“

Неколку илјади Каталонци вчера во Барселона побараа од регионалниот Парламент да формира влада која ќе ги продолжи стремежите на Каталонија. Маршот беше организирана од групата Каталонско национално собрание под мотото „Република сега!“.


Каталонските лидери безуспешно прогласија независност од Шпанија во октомври, кршејќи го шпанскиот Устав. По изборите во декември, што ги распиша Мадрид, сепаратистичките партии задржаа тесно мнозинство во каталонскиот Парламент, но не успеаа да формираат влада.


Претседателот на каталонскиот Парламент, Рожер Торент вчера ја одложи на неодредено време седницата најавена за денеска, на која Жорди Санчез требаше да биде избран за претседател на регионалната влада.


Торент ја донел одлуката откако во петокот шпанскиот истражен судија одби да го ослободи од притвор 53-годишниот Санчез, обвинет за бунт против Шпанија, непослушност и учество во организирањето на референдумот во Каталонија.


Анкетикте покажуваат дека Каталонците се поделени по прашањето за независноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.