Почина „Сметководителот од Аушвиц“

Oскар Гренинг

Oскар Гренинг, познат како „Сметководителот од Аушвиц“ пред неколку почина во Германија во 97-та година од својот живот.


Гренинг беше меѓу последните живи нацисти кои што беа осудени за злосторствата сторени во концентрационите логори. На Гренинг во 2015-та година му беше изречена затворска казна од четири години поради „соучешништво“ во убиството на над 300 илјади Евреи во полскиот концентрационен логор Аушвиц.


Тој беше во болница и се уште го немаше започнато издржувањето на казната во моментот кога почина. Гренинг не учествувал во убиствата, но сепак бил индиректен соучесник при извршувањето на едно од најголемите злосторства на сите времиња.


Пораешниот припадик на „СС“ дивизијата на Хитлер и „сметководител“ во логорот Аушвиц останал на слобода после изрекувањето на казната поради дебатата околу тоа дали тој е во состојба да го издржи сето тоа.


Врховниот суд во Германија кон крајот на декември минатата година ја отфрли неговата жалба и наведе дека е способен да ја служи казната и покрај неговата старост, а од таму нагласија дека во затворот тој ќе добива соодветна нега.


Според германски „Шпигл“, тој починал на 9-ти март на свои 97 години, а веста во германските медиуми била објавена сега. Молбата за помилувње испратена во јануари поради неговата старост исто така била одбиена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.