Трамп забрани тргување со венецуелската криптовалута

Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им забрани на американските компании и граѓани да тргуваат со венецуелската криптовалута „петро“.


Трамп рече дека криптовалутата (што се појави во февруари) е „обид за заобиколување на санкциите од САД“.


Криптовалутата „петро“ беше воведена за да се окуражи разнишаното стопанство на Венецуела што со години страда од хиперинфлација и девалвација.


Венецуелската влада рече дека ваквиот потег од САД е „нова империјална агресија“.


Со извршната наредба се забрануваат „сите трансакции со, финансирани од или на кој било начин поврзани со какви било криптовалути, дигитални пари или токени издадени од владата на Венецуела од 9 јануари наваму“. Забраната важи за сите физички лица и компании во САД.


Минатиот месец Венецуела рече дека во периодот од 20 февруари и 19 март ќе се одржи предпродажба на првиот блок од 100 милиони петроси.


Во соопштението од венецуелската Влада објавено вчера стои дека владата е посветена на својата „суверена и апсолутна одлука да продолжи да ја промовира блокчејн технологијата и да го направи петро една од најстабилните и најверодостојните криптовалути на светот.“


Економската криза во Венецуела главно се должи на падот на цените и производството на нафта од кое зависи 96% од извозот на земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.