Да се спречат нападите со хемиско оружје во Сирија повикува ЕУ

ЕУ

ЕУ денеска за време на затворената средба на Организацијата за забрана за хемиско оружје ги повикала сите земји, особено Русија и Иран да го искористат нивното влијание врз сириските власти со цел да спречат натамошна употреба на хемиско оружје.


Организацијата за забрана за хемиско оружје регистрирала повеќе од 390 наводни инциденти за нелегална употреба на отровна муниција во Сирија од 2014 година. Организацијата одржува специјална сесија за нападот со хемиско оружје на 7 април во градот Дума во Сирија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.