Почина поранешната прва дама на САД, Барбара Буш

Барбара Буш

Барбара Буш, сопругата на поранешниот американски претседател, Џорџ Х. В. Буш, и мајка на Џорџ В. Буш, кој исто како и својот татко беше претседател на САД, почина во вторникот, објави портпаролот на нејзиниот сопруг.


„Барбара Буш почина во вторникот, на 17 април, на возраст од 92 години“, се вели во соопштението што на „Твитер“ го објави Џим Мекграт, кој во неделата објави дека таа одлучила да го прекине лекувањето.

 

„По низа хоспитализации и консултации со семејството и лекарите, Барбара Буш (92) одлучи да не продолжи со медицински третман“, најави тој споменувајќи го влошеното здравје на некогашната прва дама.


Набргу се очекува да бидат објавени детали во врска со погребот, рече портпаролот, кој потсети дека споменот на Барбара останува да го чуваат нејзиниот сопруг, петте деца, 17-те внуци и седумте правнуци.


„На сопругот Џорџ Х. В. Буш му е скршено срцето поради загубата на неговата сакана Барбара“, се вели во соопштението. Се додава дека тој ѝ ја држел раката цел ден и бил до неа кога го напуштила овој свет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.