Пронајдена подморница после 73г. со која Хитлер побегнал во Јужна Америја

Пронајдена подморница во Данска

Исчезнатата германска подморница со која, според верувањата на теоретичарите на заговор, Адолф Хитлер побегнал во Јужна Америка после Втората светска војна, пронајдена е после 73 години во близина на брег во Данска.


Подморницата U-3523 припаѓала на класата ХХL, а таа е една од првите подморници дизајнирани за подолг престој под вода. Нејзиниот домет и овозможил без никакви проблеми да плови до Јужна Америка.


Ја потонал британскиот бомбардер B-24 на 6 мај 1945 година, истиот ден кога сојузниците ја ослободија Данска од нацистичката окупација. Во таа прилика починаа сите 58 членови на екипажот.


Сепак, фактот дека подморницата не можеше да биде пронајдена поттикна многу шпекулации во последните неколку децении, вклучувајќи и бројни теории на заговор, како онаа дека Хитлер ја искористил оваа подморница за бегство во Јужна Америка.


Меѓутоа, истражувачите пренесуваат дека нема докази за тоа дека кој било нацистички лидер влегол во таа подморница.


U-3523 е пронајдена недалеку од Скаген, најсеверниот дански град, 15 километри поддалеку од позицијата која ја означил британскиот бомбардер.


Подморницата во моментот кога била потоната се движела кон Норвешка, пренесуваат британските медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.