(ФОТО) Ова е убиецот на бугарската новинарка кој е уапсен во Германија

Бугарските власти потврдиле дека на нивно барање во Германија е уапсен еден маж кој е осомничен за силување и убиство на новинарка Викторија Маринова (30) и ја очекуваат неговата екстрадиција.

 

Осомничениот Северин Красимиров (21) беше уапсен во вторникот во домот на неговата мајка, каде што побегнал по бруталното злосторство. Бугарските власти очекуваат Германија да го префрли Красимир на нивната територија, рече министерот за внатрешни работи, Младен Маринов.

 

"Ние собравме многу докази кои укажуваат на тоа дека тој е виновен". Красимиров беше обвинет во отсуство за две дела - силување и екстремно сурово убиство со предумисла ", рече државниот правобранител Сотир Цацаров.

 

 

Телото на 30-годишната новинарка беше пронајдено во саботата недалеку од Дунав во градскиот парк на нејзиниот роден град, каде што редовно трчаше. Таа беше силувана, брутално претепана и задавена. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во моментов нема докази дека убиството на телевизиската новинарка е поврзано со нејзината работа.

 

Маринова работела за телевизиската станица ТВН, која ја емитуваше нејзината емисија "Детектор". Во својата последна емисија на 30 септември ги претстави двајцата новинари кои истражуваа за наводниот случај на корупција поврзани со ЕУ фондовите. Маринова, која има седум годишна ќерка, била вклучена во истрагата на група бугарски новинари за инфраструктурните проекти финансирани од ЕУ, а кои се управувани од страна на локалните власти. 

 

"Во оваа фаза не можеме да кажеме дека убиството е поврзано со нејзината професионална работа. Продолжуваме со истрагата на сите можни опции", рече Цацаров.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.