УБИЕЦОТ НА НОВИНАРКАТА ПРИЗНАЛ: Бил пијан и дрогиран, плачеше пред мене кога ми призна

Мајката на 20-годишниот Бугарин, уапсен во Германија за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, рече дека нејзиниот син ја признал вината.

 

"Тој призна дека го сторил тоа додека бил пијан и многу дрогиран", изјави Надежда Красимирова на еден бугарски новинар во Германија каде што живее.

 

 "Тој призна и почна да плаче пред мене, тој не е таков, не можам да го разберам тоа", додаде таа.

 

 Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство поради силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.

 

30-годишната Маринова, водителка на емиеија за регионални случувања на локална телевизија, беше пронајдена во саботата во паркот во близина на пристаништето во Русе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.