Си-Ен-Ен: Саудијците го признаа убиството на новинарот Кашоги! Се подготвува владин извештај

Си-Ен-Ен тврди дека саудиската влада подготвува извештај во кој го признава убиството на опозицискиот новинар Џамал Кашоги.

 

Како што  пренесува Си-Ен-Ен, смртта е резултат на испрашувањето  што тргнало погрешно.

 

Според извори на Си-Ен-Ен, во наводниот владин извештај за смртта на Кашоги по киднапирањето и тортурата за кои немало одобрување, ќе бидат обвинети оние кои биле вклучени вотоа.

 

Турските власти претходно тврдеа дека имале аудио снимка дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, изјави турскиот претставник.

 

"Турската полиција има аудио снимка што покажува дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат", изјави неименуван безбедносен извор за британската новинска агенција, без да даде какви било детали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.