15 дена нема официјални детаљи што се случи со саудискиот новинар Џамал Кашоги

Турски владини претставници изјавија дека им е потребно повеќе време за да објават детали за тоа што се случило со саудискиот новинар и дисидент Џамал Кашоги.

- Сите треба да почекаат на резултатот од истрагата. Би било губење на време да се зборува многу за тоа, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Тој додаде дека Владата спроведува „транспарентна“ истрага и дека за резултатот ќе биде известена меѓународната заедница.

Сојлу истакна дека истрагата е „тест“ за турскиот правосуден систем.

Претходно, шефот на турската диопломатја Мевљут Чавушоглу изрази жалење што синоќа не почнал претресот на резиденцијата на саудискиот конзул, бидејќи неговото семејство било во објектот.

Турски истражители денеска влегоа во резиденцијата на саудискиот конзул Мохамад ал Отајби, кој вчера замина од Истанбул за Ријад.

Во меѓувреме, саудиските медиуми објавија дека генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мохамад ал Отајби е разрешен и против него ќе биде покрената истрага.

Ал Отајби е разрешен и ќе биде под истрага поради исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, кој последен пат на 2 октомври е виден како влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.