САУДИЈЦИТЕ СПРЕЧИЛЕ ПРЕТРЕС ВО АВТОМОБИЛОТ: Останува мистерија што крие црниот Мрецедес пронајден на периферија во Истанбул

Турските власти денеска биле спречени да направат претрес во  паркиран саудиски дипломатски автомобил во Истанбул, бидејќи не добиле дозвола од конзулатот на Саудиска Арабија, објави Ројтерс.

 

Претходно, полицијата во предградие на Истанбул пронајде паркиран Мерцедес со дипломатски таблички, кој, пред две недели, беше паркиран пред конзулатот во времето на исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

 

"Си-Ен-Ен Турк" објави дека турските власти ќе можат да направат претрес на автомобилот утре.

 

 

 

Ројтерс потсетува дека турските и саудиските власти го истражуваат исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој исчезна на 2 октомври, по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул.

 

По неколку недели во кои тие негираа дека имаат сознание што се случило со Кашоги, официјални лица од Саудиска Арабија рекоа дека  познатиот новинар е убиен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.