Одговорност на сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги

Саудиска Арабија ќе ги повика на одговорност сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги и тие кои не ги исполниле своите обврски, кој и да се, соопшти денеска Владата на Саудиска Арабија.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.