Меј: Гласањето за договорот за Брегзит е одложено

"Гласањето за договорот за Брегзит е одложено". Ова денеска го објави британската премиерка Тереза ​​Меј.



"Јасно е дека и покрај постоењето на широка поддршка за многу клучни аспекти од договорот останува сеприсутната и длабока загриженост по едно прашање, безбедносниот механизам за Северна Ирска. Затоа ќе го одложиме планираното за утре гласање, за да не го делиме парламентот во овој момент", рече Меј.

Таа повторно рече таа спогодба со ЕУ е "најдоброто достапно решение" и ги потсети пратениците дека секој договор за Брегзит ќе бара компромис. А потоа директно праша дали овој парламент навистина сака да има Брегзит и дали пратениците сакаат да ги  отворат повторно болните политички поделби во земјата, доведувајќи го во прашање гласањето на британскиот народ од 2016 година за излегување од Европската унија.

Меј заминува итно за Брисел, за да се обиде повторно да преговара за најконтроверзното прашање, за Северна Ирска. Пред тоа сепак, портпаролот на Комисијата изјави дека Брисел нема да преговара повторно по договорот за напуштање.

Неочекуван пресврт дојде откако Европскиот суд пресуди дека Лондон може да се откаже од Брегзит без дозвола од останатите 27 земји членки на Унијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.