Француската влада ги повика "Жолтите елеци" да не протестираат за време на викендот

Француската влада ги повика демонстрантите, познати како "Жолти елеци", да не протестираат овој викенд по нападот на божиќниот базар во Стразбур, пренесоа светските агенции.

 

"Решивме да не ги забраниме демонстрациите во саботата", изјави владиниот портпарол. Тој рече дека одлуката да нема протест им беше оставена на демонстрантите. Според него нема да е разумно да се наметне забрана, бидејќи тоа нема да ги спречи пљачкосувањето и немирите.

Протестите започнаа во средината на ноември и првично беа против планираното зголемување на данокот на гориво. По три недели демонстрации и две последователни саботи, во кои имаше немири во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон призна дека не постапил доволно брзо за да се подигне куповната моќ на работниците.

Во телевизискиот говор тој вети бонусите на крајот на годината да не се оданочуваат, а плаќањето за прекувремено целосно да биде ослободено од даноци и социјални одбивања. И по овие попусти многу "Жолти елеци", интервјуирани од француски медиуми, изјавија дека планираат да продолжат да протестираат. Жртвите од нападот во Стразбур веќе се три, а еден е во мозочна кома, соопшти обвинителството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.