БРЕГЗИТ: Прерано е да се проценат последиците од британското гласање

Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, утрово во Европскиот парламент порача дека е прерано да се проценат последиците од синоќешното отфрлање на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

 

– Прерано е да се проценат сите последици од ова гласање, секогаш сме ја почитувале и ќе продолжиме да ја почитуваме демократската парламентарна дебата во Обединетото Кралство и нема да шпекулирам за различни сценарија. Она што вчерашното гласање го покажа е дека политичките услови за ратификацијата на Договорот за повлекување сѐ уште не се присутни во Лондон, изјави Барние.

 

Тој додаде дека треба да се продолжи да се бара пат напред за Брегзит и дека сега повеќе од било кога ЕУ стравува од неуредно истапување на Велика Британија од Унијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.